Дома Фудбал Гвардиола: Не бев изненаден од поразите на Барселона и Реал Мадрид

Гвардиола: Не бев изненаден од поразите на Барселона и Реал Мадрид

Гвардиола и неговиот Манчестер Сити беа поразени на последниот натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ.

Поразот на Сити не може да се смета за некое големо изненадување затоа што стануваше збор за дерби натпревар против ПСЖ. Најголеми изненадувања во колото беа поразите на шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, сепак Пеп тие не го изненадиле премногу.

„Не сум изненаден од резултатите, па ниту од поразите на Барселона и Реал Мадрид. Долги години сум дел од ЛИгата на шампионите и знам дека нивото на учесниците во секоја година е се на повисоко ниво. Секој тим може да биде опасен ако тоа го дозволите“, изјави Пеп.

За викендот Манчестер Сити го чека натпревар против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го посакува Бецвиновски, пред младиот напаѓач е светски тест со Австралија

Лук Бецвиновски е во плановите на Македонија, но следниот репрезентативен предизвик го чек…