Дома Фудбал Колку Барселона може да му понуди на новиот тренер?

Колку Барселона може да му понуди на новиот тренер?

Според најавите од шпанските медиуми Роналд Куман ќе добие отказ на клупата на Барселона после натпреварот со Атлетико Мадрид.

Информациите се дека раководството веќе донело одлука за отказ на холандскиот стратег и сега прашањето е само кој ќе го наследи. Меѓутоа како што стојат работите новиот тренер на Барселона нема да има премногу висока плата. Каталонците на новиот стратег можат да му понудат 3.88 милиони евра по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така тој што ќе ја преземе екипата мора да се согласи на поскромни услови. Куман отказот добро ќе го наплати, него ќе му припаднат 12 милиони евра ошетата, а треба да се потсети и дека Барселона се уште не го исплатила долгот кон Кике Сетиен. Кон него Барселона должи четири милиони евра и Сетиен парите си ги бара на суд.

Јасно е дека Барселона е во тешка ситуација. Финансиите се сериозен проблем и клубот никако не може да работи како во минатите години. Во овој момент главни фаворити за наследник на Куман се Чави Хернандез, Роберто Мартинез и Андреа Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…