Притисокот врз тренерот на Барселона, Роналд Куман се зголемува се повеќе и се погласни се шпекулациите за негова тренерска смена.
Холандскиот статег доби последна шанса за дербито со Атлетико Мадрид, но доколку Каталонците загубат и не се претстават во добро светло сигурно ќе добие отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како најсериозни кандидати за негов наследник се Андреа Пирло и Роберто Мартинез, но денешното издание на „Мундо Депортиво“ соопштува дека најголема желба на претседателот Лапорта е Томас Тухел.
Тухел минатата година седна на кормилото на Челзи и веднаш ја освои Лигата на шампиони. Меѓутоа, Германецот во моментов изгледа како „невозможна мисија“ за Каталонците.
Неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година и „сините“ немаат намера да го пуштат, а и тој не сака да го напушти Лондон.