Дома Фудбал Останато Не знаел дека потпишува со Барселона додека не го видел договорот

Не знаел дека потпишува со Барселона додека не го видел договорот

Младиот турски фудбалер Емре Демир (17) неодамна потпиша договор со Барселона.

Талентираниот 17-годишник на Барселона ќе и се приклучи во јули наредната година и прво ќе настапува за „Б“ тимот. До тогаш Демир ќе го носи дресот на Кајсериспор, а интересно што младиот фудбалер не знаел дека потпишува договор со Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не знаев каде одам додека не го видов договорот. Мојот агент не ми кажа што се случува. Ме повика и ми кажа дека одиме во Истанбул да потпишеме договор со голем клуб. Бидејќи не сум полнолетен не можев сам да потпишам затоа и моите родители беа со мене. Потоа го видов името на Барселона на договорот, не можев да не заплачам“, истакна Демир.

Емре со Барселона потпиша договор до 2027 година. Турскиот клуб од неговиот трансфер инкасираше два милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…