Барселона е во навистина тешка ситуација во Лигата на шампионите откако Каталонците изгубија од Баерн Минхен и Бенфика со вкупна гол-разлика 0:6 и без упатен удар кон противничкиот гол.
Каталонскиот гигант за првпат се наоѓа во ваква ситуација и со оглед на играта поминувањето на групата во ЛШ изгледа тешко. Поради тоа дел од фудбалските аналитичари и обложувалници предвидуваат дека Барселона ќе заврши како третопласирана и ќе продолжи да се натпреварува во Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така Суперкомпјутер со алгоритам кој ја зема во предвид моменталната форма и вредноста на секој тим пресмета дека Барселона ќе биде освојувач на Лигата на Европа. Зад Барселона во второто по ранг европско натпреварување се рангирани Наполи, Сосиедад, Баер, Бетис, Вест Хем…