Дома Останати Кошарка НБА Tренерот на Дончиќ: Тој може да направи што ќе посака

Tренерот на Дончиќ: Тој може да направи што ќе посака

Лука Дончиќ од вечер во вечер продолува да го воодушевува кошаркарскиот свет.

Во последната вечер Дончиќ постигна 42 поени со што постави личен поентерски рекорд во кариерата, а на тие поени додаде уште 11 асистенции и 10 скокови.

Со тој учинок Словенецот стана вториот најмлад играч во историјата со трипл-дабл со 40 или повеќе поени, пред него тоа му успеа на Леброн Џејмс. Само Леброн и Дончиќ одиграле таков натпревар пред да наполнат 21 година.

Чест да го тренира Дончиќ има Рик Карлис, човек кој е на клупата на Маверикс веќе 11 години и кој со Дирк Новицки и Џејсон Кид сензационално стана шампион во 2011 година.

„Лука може да направи што ќе посака на теренот. Феноменално е да се гледа како игра, се радувам што сум дел од неговата приказна“, изјави Карлис.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Драмата во Хјустон ја реши Бјелица со тројка со звукот на сирената, одлична вечер за Пол Џорџ (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Сакраменто Кингс со тројката н…