Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо слета во Торино, Азар најави заминување, Челзи тргнува по Савиќ, Барса размислува за Погба…

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо слета во Торино, Азар најави заминување, Челзи тргнува по Савиќ, Барса размислува за Погба…

0

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Денот започна со бомбастичната изјава на претседателот на Наполи: Аурелиот Де Лаурентис кој тврди дека Кристиано Роналдо бил понуден на неговиот клуб (ОВДЕ)

– „Медијасет“ пишува дека Јувентус ја одбил понудата од Челзи за размена на Игуаин и Алваро Мората. 

– Официјално: Фелипе Андерсон е нов фудбалер на Вест Хем


Следете го Sportski.mk и на


– Барселона како мети за засилување во средниот ред ги означи, Пол Погба, Стивен Нзоси и Адриен Рабио. Најблиску до потпис со клубот од Каталонија во овој момент е Рабио, пишува „Мундо Депортиво“.

– Манчестер Јунајтед би можел да понуди 50 милиони фунти за услугите на англискиот репрезентативец, Хари Мегвајер.

– „После шест прекрасни години би можел да се обидам со нешто поинакво. Јас можам да одлучам дали ќе заминам или ќе останам, но сепак Челзи ќе го има последниот збор. Доколку сакаат да ме пуштат, сите ја знаете мојата најпосакувана дестинација“, изјави Азар. Оваа изјава на Островот се пренесува како најава за заминување на Белгиецот.

– После Фелипе Андерсон, следна мета на Вест Хем би можел да биде Бернард кој ова лето го напушти Шахтјор и е слободен агент.

– Манчестер Јунајтед би можел да испрати понуда за хрватското откритие Анте Ребиќ. Сумата која се споменува изнесува околу 40 милиони фунти.

Maурицио Сари ја избрал главната мета. Челзи тргнува по потписот на Сергеј Милинковиќ Савиќ! (OВДЕ)

– Според некои информации од Островот, Реал Мадрид испратил порака до Манчестер Сити, дека доколку го сакаат Матео Ковачиќ мораат да ја исплатат неговата откупна клазула во износ од 90 милиони евра. Тешко е да се поверува дека „граѓаните“ ќе ги прифатат овие услови.

– До крајот на неделата се очекува Челзи и Јувентус да постигнат договор за младиот стопер, Даниеле Ругани.

– После Манчестер Сити и Баерн Минхен и тимот на Арсенал покажува интерес за Французинот кој воодушеви на Мундијалот, Бенџамин Павард. Штугарт има јасно барање – 50 милиони евра!

– Она што се појави пред неколку дена како медиумска шпекулација сега станува посериозно. Јулијен Лопатеги сака да го врати Хамес Родригез во Реал Мадрид.

– Сите играчи кои ја заменила Севиља со Барселона (ОВДЕ)

– Португалецот Жозе Мурињо би можел на Интер да му понуди размена. Тој е спремен да се откаже од услугите на Матео Дармијан со цел да стигне до потписот на својата стара желба Иван Перишиќ, секако Манчестер Јунајтед би понудил и одредена сума на пари. (ОВДЕ)

Жозе Мурињо отворено зборуваше за неговиот интерес Перишиќ (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Милан, Сусо во својот договор има клазула од 38 милиони евра која важи за странските клазули, но истата е временски и истекува вечерва на полноќ. (ОВДЕ)

– Дојде и тој момент, Кристиано Роналдо слета во Торино каде што утре ќе биде претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ајакс – Баерн Минхен: „Децата“ од Амстердам не се плашат од Баварци

Вечерва во Амстердам европските гиганти Ајакс и Баерн Минхен ќе водат голема битка за прво…