Како и минатото лето, Жозе Мурињо повторно се обидува да стигне до потписот на Хрватот, Иван Перишиќ, за таа цел тој е спремен да го понуди и својот играч.
Според италијанските медиуми, Мурињо има намера да го понуди Матео Дармијан за да стигне до потписот на Иван Перишиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Перишиќ се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и минатото лето, но трансферот не беше реализиран. Сега неговите импресивни настапи на Мундијалот беа причина повторно да се разбуди интересот кај Португалецот.
Од друга страна Дармијан би можел да ги заинтересира „нероаѕурите“ кои се во потрага по нов бек, а се интересираа уште за еден хрватски репрезентативец, Шиме Вршаљко од Атлетико Мадрид.
Доколку Интер го пушти Перишиќ на „Олд Трафорд како негова замена на „Џузепе Меаца“ би можел да пристигне, Федерико Киеза од Фиорентина, а се шпекулира и за обид да годоведат Сусо од градскиот ривал Милан.