Челзи наскоро би требало да ја испрати понудата до Лацио.
Пристигнуваат најави дека нешто ќе се случува. Новиот стратег на Челзи, Маурицио Сари сака во своите редови да го виде Сергеј Милинковиќ Савиќ!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека на Роман Абрамович му се допаднала таква идеја и наводно лично би можел да ја превземе работата во свој раце за најскапиот Србин да пристигне во Лондон.
Да потсетиме, Реал до Лацио минатата недела испрати понуда од околу 105 милиони евра и во целата работа беше вмешан и суперагентот Жорж Мендеш, иначе човек во кој Флорентино Перез има огромна доверба. Не се чекаше долго и од Манчестер да пристигне понуда која е за 10 милиони евра поголема, но и таа не блиску до сумата која ја сака Лотито – 155 милиони евра.
Челзи не се очекува да понуди толкава сума, но спеа стратегија според која во трансферот би можел да го вклучи Сеск Фабрегас. Да потсетиме, Челзи сакаше Фабрегас да го вклучи и во трансферот на Жоржињо, но Наполи одби таква опција.
Сепак, после продажбата на Фелипе Андерсон во Вест Хем стратегот на Лацио Симоне Инзаги сигурно нема да брза со продажбата на најдобриот играч и не би имал ништо против тој да остане во клубот.