Ова лето во Каталонија веќе пристигна едно засилување од Андалузија, Клемент Леглет, низ историјата имаше повеќе, но сигурно нема да биде крајот.
Јасно е дека Барселона и Севиља имаат одличен однос. За тоа сведочи податокот дека Каталонците доведоа дури 13 играчи од „Санчез Пизхуан“ во своите редови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се започна во 1933 година, тогаш од Севиља во редовите на Барселона пристигна Падрон, во 1961 година Барса ги ангажираше Салај и Пардо, четири години подоцна Гаљег, а во 197 Оливерос.
Следуваше пауза од 12 година пред повторно да соработуваат со Севиља, го ангажираа Рубио, во 1988 на „Камп Ноу“ пристигна Серна, две години подоцна Нандо.
Во понавата историја, во 2008 година пристигнаа Сејду Кеита и Дани Алвеш, две години подоцна тоа го направи Адријано, а во 2014 Севиља со Барселона ја замени Иван Ракитиќ.
Ова лето тоа го направи Клемент Леглет, а судејќи според ситуација по истиот пат би можел да тргне Стивен Нзози.
Имено, Барселона скоро и да го има договорено Рабио од ПСЖ, но во случај тој трансфер да не биде реализиран, Барса ќе се обиде да го доведе Нзози кој веќе изјави дека сака да ја промени средината.