Како што пренесуваат италијанските медиуми, малку недостасувало некој друг да го купи Португалецот пред очите на Јувентус.
Утре се очекува и официјалното претставување на Кристијано Роналдо во редовите на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трансферот е потврден од страна на обата клуба, Реал прифати понуда од 112 милиони евра, Португалецот ќе заработува 30 милиони евра годишно.
Многимина и натаму се шокирани од ваквиот расплет на ситуацијата, но Јувентус успеа да направи историски потег, кој на клубот ќе му помогне на многу начини, а од преминувањето на Роналдо на Апенините би можела да профитира цела Серија А.
Сега се појавија информации дека Јувентус не е првиот клуб кој бил контактиран од страна на агентот на Кристијано, Жорж Мендеш.
Имено, португалскиот суперагент својот најдобар клиент го понудил прво на Наполи.
Првиот човек на клубот од Наполи е во добри односи со Мендеш, а кога ја слушнал понудата бил сигурен во две работи.
Преминувањето на Роналдо во редовите на неговата екипа би била фантастична работа, но исто така знаел дека клубот би банкротирал доколку ја издвои потребната сума за неговите услуги.
Целата приказна ја потврди токму и Аурелио Де Лаурентис.
„Роналдо беше понуден на Наполи. Неговиот агент ме повика, а формулираше понудата за Кристијано и проценти кои би биле вклучени по неговото доаѓање во Наполи. Но, ние ги немавме тие 350 милиони евра да инвестираме во неговиот трансфер како Јувентус. Тогаш би ризикувале клубот да го однесеме во банкрот“, изјави првиот човек на италијанскиот вицешампион.
Роналдо сакаше повторно да соработува со Карло Анчелоти, но Наполи едноставно не можеше да ја направи потребната математика да собере доволна сума на пари, како што вели Де Лаурентис 350 милиони евра, за да го ангажираат.
Тој така заврши во Јувентус, па се укажува на тоа дека доминацијата на „Бјанконерите“ во Серија А ќе продолжи и во претстојната сезона.