Дома Останати Тенис Свадбата траеше 3 дена: Познат тенисер се венча со Хрватка, венчавката како во филм за Џејмс Бонд

Свадбата траеше 3 дена: Познат тенисер се венча со Хрватка, венчавката како во филм за Џејмс Бонд

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим (25) го доживува можеби најубавиот период во кариерата – и приватно и професионално. Само неколку месеци откако стигна до полуфиналето на УС Опен, застана на „лудиот камен“ и се омажи со долгогодишната партнерка Нина Гаиби, која има хрватско-мароканско потекло.

Романтичната венчавка се одржа на почетокот од септември во Мароко и траеше цели три дена, а според Феликс, инаку 10. играч во светот, сè изгледало како сцена од филм за Џејмс Бонд.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


– Кога планирате венчавка, сакате тоа да биде настан за цел живот. И навистина беше така. Луѓе дојдоа од целиот свет, затоа славевме три дена. Беше магично, незаборавно. А знате она – среќна жена, среќен живот… и среќен маж – рече Алијасим за Tennis Channel.

Фотографиите од венчавката брзо се проширија на социјалните мрежи, а мнозина коментираа дека Феликс и Нина изгледале како холивудски пар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер освои неверојатни 11 милиони долари од два турнира (Фото)

Поголемиот дел од играчите сонуваат дека во текот на кариерата ќе заработат десетцифрени с…