Дома Останати Тенис „Срамно, очајнички потег на Синер“: Италијанецот под жесток напад поради Ѓоковиќ

„Срамно, очајнички потег на Синер“: Италијанецот под жесток напад поради Ѓоковиќ

Нема сомнение кој е најголемата ѕвезда на годинешниот US Open. Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, излезе од својата „зона на комфор“, го промени имиџот и ужива во популарноста и дружењето со навивачите. Снимката на која го бркаат орди фанови низ улиците на Њујорк доволно зборува за статусот кој го има таму. Дека другите ривали не му се ни блиску покажува и „очајничкиот“ потег на Јаник Синер, кој не беше незабележан меѓу навивачите на Ѓоковиќ.

Италијанецот се обиде да “ископира” Србинот, но впечатокот е дека и неуспеа баш во тоа. Ѓоковиќ се движеше низ масата за да стигне до продавницата “Лакост”, што беше една од низа брилијантни кампањи, додека “Најк” и Синер се само бледа копија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фановите на Ѓоковиќ не беа ниту малку трпеливи со коментарите на сметка на првиот тенисер во светот.

„Толку срамно, очајнички се обидуваат да ја рекреираат сцената на Ѓоковиќ, кога буквално беше опколен како рок ѕвезда на улиците пред некој ден,” напиша еден навивач.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите пау…