Дома Фудбал Спектакуларен трансфер во најава: Палмер го напушта Челси и се сели во ривал!?

Спектакуларен трансфер во најава: Палмер го напушта Челси и се сели во ривал!?

Кол Палмер, од неговото доаѓање во Челси, важи за еден од најдобрите играчи во овој клуб, па неговото заминување би било голем удар за нив.

Токму тој е поврзан со сензационален трансфер во овој летен преоден рок кај лутите ривали од Премиерлигата, тврдат медиумите од Англија.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Овој фудбалер пристигна во Челси од Манчестер Сити за околу 50 милиони евра и практично експлодира кога доби шанса за игра.

Минатата сезона постигна импресивни 25 голови во сите натпреварувања, и освои многу индивидуални награди, како и наградата за најдобар млад играч на сезоната во Премиерлигата.

Сепак, репрезентативецот на Англија во последно време не игра на нивото кое се очекува, а тоа се чувствува и во играта и резултатите на Челси.

И покрај нешто послабата форма во последно време, Палмер се поврзува со сензационален трансфер ова лето, а наводно е голема желба на раководството на Ливерпул.

Како што тврди Симон Филипс, Ливерпул сака да го донесе Кол Палмер, но за него прашуваа и во неговиот поранешен клуб Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола лесно го пушти Палмер да замине од Манчестер Сити, но ова лето би сакал да го врати во клубот кој го води, меѓутоа прашање е дали Англичанецот сака да се врати на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од НБА: Манчестер Јунајтед даде зелено светло, но тоа не е сè!

Големиот европски фудбалски клуб наводно се согласи да учествува во европскиот проект на Н…