Дома Останати Кошарка Спектакуларен кам-бек на Јокиќ. Тој и Вестбрук го постигнаа она што никој друг го немаше досега

Спектакуларен кам-бек на Јокиќ. Тој и Вестбрук го постигнаа она што никој друг го немаше досега

Никола Јокиќ пропушти два натпревари поради болест, а пред натпреварот, Нагетс објавија дека неговиот настап е под знак прашалник.

Сепак, Јокиќ играше и брилјираше, а со соиграчот Расел Вестбрук направи нешто што никој досега не го направил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јокиќ пропушти два натпревари поради настинка, а можеше да пропушти и трет. Денвер на домашен терен го совлада Бруклин со 124:105, а Јокиќ беше најдобар стрелец (35) во 38 минути игра, скокови (12) и асистенции (15) во натпреварот. Совршената партија ја заокружи со 4 украдени топки. За Јокиќ ова е 15-ти трипл-дабл сезонава и 145-ти во кариерата.

Трипл-дабл постигна и Весбрук. За 36 минути постигна 25 поени (8/17 од поле) со 11 скока и 10 асистенции.

Така, Јокиќ и Вестбрук станаа првите соиграчи во историјата на НБА кои постигнале повеќе трипл-дабл во ист натпревар во една сезона. НБА го истакна ова на социјалните мрежи: „Трипл-дабл машините Јокиќ и Вестбрук се првите соиграчи во историјата на НБА кои забележале трипл-дабл во ист натпревар повеќе пати во една сезона“.

Не е ни чудо што овие двајца постигнаа таков подвиг. Вестбрук е играчот со најмногу трипл-дабл во историјата на НБА (202), Оскар Робертсон е втор со 181, а Јокиќ трет со 145 натпревари во кои го постигна подвигот. Но, се очекува Јокиќ да го симне соиграчот од тронот бидејќи е седум години помлад од Вестбрук (36).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговат…