
Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, во интервју за првата страна на шпанскиот весник Спорт искрено зборуваше за мотивите кои стојат зад неговото заминување на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Откако минатиот месец го напушти Јунајтед и се приклучи на каталонскиот тим, Рашфорд сега се соочува со предизвикот да научи шпански, што е проблем за секој играч кој не го зборува овој јазик.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Подготвеноста за изучување на шпанскиот јазик често е клуч за добивање поддршка од навивачите, што на клубот може да му помогне да се одлучи за активирање на опцијата за откуп од 26 милиони евра пред Светското првенство во САД наредното лето, а играчот веќе доби невообичаен и комичен прекар од своите соиграчи.
Marcus Rashford given bizarre new nickname in Barcelona dressing room https://t.co/9LN710DWx2
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 19, 2025
“Кога се шегуваат помеѓу себе, ме нарекуваат ‘chuche’ (бонбона). Не знам што значи, но смешно е кога ми се обраќаат на тој начин”, изјави Рашфорд.
Рашфорд нагласи дека учењето на јазикот е приоритет, но исто така му е задоволство да го совладува шпанскиот.
“Каталонскиот е тежок. Предпоставувам дека додека сум тука ќе успеам малку да научам и се надевам дека ќе ми помогне да ја разберам каталонската култура подобро”, додаде тој.
Рашфорд подоцна призна дека побегнал од Олд Трафорд за да пронајде среќа, откако Аморим го исклучи од тимот во декември поради лични конфликти.