
Српскиот фудбал вчера беше една од главните теми во регионот, за жал, ќе се запомни по лошото, бидејќи се видоа многу инциденти, и во пониските лиги, и во Првата лига на Србија, каде позорницата ја зазедоа Динамо Југ и ОФК Вршац.
По натпреварот изби голема тепачка, пренесе Спорт клуб, сето тоа се пресели и во тунелот и кај соблекувалните, а сега се појави видео на кое може да се види дека многу лица беа вклучени во тепачката. Во еден момент се гледа како еден од учесниците се најде на земја по нокаут.
.