Дома Фудбал Скандал ја „тресе“ Хрватска: Се закани дека ќе се пензионира, ако му го уништат трансферот!

Скандал ја „тресе“ Хрватска: Се закани дека ќе се пензионира, ако му го уништат трансферот!

Искусниот хрватски напаѓач Дује Чоп денеска е главна тема на јавноста во Хрватска бидејќи се дозна за бизарната причина која ја соопштил на раководителите на Локомотива откако тие не сакале да му дозволат да потпише за Ријека.

Јасно е дека на Ријека ѝ требаат засилувања за вториот дел од сезоната по неколкуте заминувања од Руевица, а токму Дује Чоп е прв на списокот на желби.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Чоп зад себе има одличен прв дел од сезоната во дресот на загрепската Локомотива, и Ријека е решена да го доведе.

И самиот некогашен напаѓач на Хајдук и Динамо сака кариерата да ја продолжи на Руевица, но Локомотива не сака да го пушти да си оди, што предизвика големо незадоволство кај Чоп.

Чоп силно сака кариерата да ја продолжи во Ријека и како што објави „Далматински портал“ ситуацијата во клубот ескалираше поради она што го направи искусниот напаѓач.

Тој одби да тренира и дури им се заканил на раководителите на Локомотива дека ќе ја заврши играчката кариера ако не го пуштат на Руевица, што ваков бизарен услов во светот на фудбалот не сме виделе.

Локомотива не сака да го пушти Чоп кој им е главен адут и неопходен во вториот дел од сезоната во борбата за опстанок, но тој повеќе не сака да остане во Загреб.

Дал јасен ултиматум на раководителите на Локомотива дека нема да игра за нив во вториот дел од сезоната дури и ако го одбијат да го продадат и дека ќе заврши кариерата и ќе се пензионира намерно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приход…