
Кевин Де Брујне ќе ја напушти екипата на Манчестер Сити на крајот од сезоната по десетодишен престој.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Граѓаните” ја имаа можеби најлошата сезона во последните неколку години. Останаа без титула во Премиер лигата, како и без трофеи воопшто. Одењето на Белгијанецот го отвори прашањето за неговиот наследник.
Сити го посакува Морган Гибс Вајт од екипата на Нотингем Форест. Врзниот играч на популарните „Шумари“ постигна 5 голови со 9 асистенции на 30 натпревари во Премиер лигата. Во ФА купот одигра 4 натпревари.
Де Брујне оваа сезона има слична статистика со 4 голови и 7 асистенции на 25 натпревари. Сепак, прашувањето на Форест кој сака да го задржи Гибс Вајт.