Дома Фудбал Синго се јави откако му го унакази лицето на Донарума

Синго се јави откако му го унакази лицето на Донарума

На натпреварот од Лига 1 помеѓу Монако и ПСЖ, кој заврши со резултат 2-4, Вилфред Синго направи невнимателен потег што доведе до сериозна повреда на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума.

Во една од акциите, Синго го удри Донарума со копачка во лице, при што голманот заработи неколку расекотини. Италијанскиот репрезентативец веднаш доби лекарска помош на теренот, а дополнителни медицински прегледи ќе утврдат колку се сериозни и длабоки повредите.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Искрено жалам за инцидентот и сакам да му се извинам на Џанлуиџи Донарума. Навистина не беше моја намера да го повредам, но подоцна сфатив дека ситуацијата е многу сериозна. Ти посакувам брзо и успешно закрепнување“, кажа Синго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Англија: Лестер e под истрага

Фудбалската Премиер лига на Англија го предаде Лестер на независна комисија поради наводно…