Дома Фудбал Иниеста се збогуваше со фудбалот на „Ел Класико“ во Јапонија (Видео)

Иниеста се збогуваше со фудбалот на „Ел Класико“ во Јапонија (Видео)

Легендите на Барселона и Реал Мадрид се соочија во Токио, каде што Андрес Иниеста се збогуваше со фудбалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред два месеци легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста официјално ја објави својата одлука да стави крај на професионалната кариера. Во негова чест, минатиот викенд во Токио беше организиран специјален „Ел Класико“ натпревар, кој предизвика огромен интерес и собра 45.000 гледачи на трибините.

Натпреварот заврши со победа на тимот на Иниеста со резултат 2-1, а спектаклот остави незаборавен впечаток кај сите присутни.

„Ова беше фантастичен натпревар, особено за јапонските навивачи. Ако заминаа дома задоволни, тогаш и јас сум среќен,“ изјави Иниеста по завршувањето на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Билд“: Германија ќе има нова „единица“ на Мундијалот

Голманот на Баерн, Мануел Ноер, ќе биде број еден за Германија за време на Светското првен…