Фудбалскиот клуб Беса официјално го потврди ангажманот на Бобан Бабунски како нов тренер на тимот, изразувајќи оптимизам дека со неговото водство ќе успеат да остварат подобри резултати и да се искачат повисоко на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искористувајќи ја паузата помеѓу двете полусезони, управата на клубот се одлучи за тренерска промена, а изборот падна на искусниот стратег Бабунски. Неговото доаѓање се очекува да донесе нова динамика и стабилност во играта на тимот.
„Со задоволство ја информираме јавноста дека постигнавме договор со реномираниот тренер Бобан Бабунски. Убедени сме дека со своето искуство и посветеност, тој ќе внесе позитивен дух и енергија во нашиот тим. Веруваме дека заедно ќе ги оствариме амбициите за успешна втора полусезона,“ се вели во официјалното соопштение на клубот.