Дома Останати Тенис Синер одговори ладнокрвно на прашањата за допингот: Мене ми пресудија дека сум невин, нели?

Синер одговори ладнокрвно на прашањата за допингот: Мене ми пресудија дека сум невин, нели?

Италијанскиот тенисер и прв фаворит за титулата на Австралија Опен Јаник Синер се пласираше во второто коло на турнирот.

Бранителот на титулата го совлада отпорот на ривалот за околу 180 минути, а после мечот се осврна на допинг скандалот во кој беше вмешан ривалот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Да бидам искрен, не ги знам деталите на неговиот случај. Многу ми е тешко тогаш да го коментирам. Можам да кажам само дека постои протокол. Ако протоколот има некои пропусти, тоа не е мој проблем, нели? Се разбира, ми е жал кога играчите минуваат низ вакви ситуации. Не знам ги деталите за неговиот и мојот случај. Знам само што ми се случи мене. Знам што поминав. Сè уште се случува. Морам да направам уште некои работи“, кажа тој.

Потоа уште еднаш истакна дека е невин.

„На крајот на денот, мене ми пресудија дека сум невин. Количината што ја имав во телото е помала од минимумот и немало контаминација. Не знам што имаше тој“, рече Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бекер: Повикот од најдобриот во историјата не се одбива

Соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ги изненади сите, а Енди Касл, некогашниот бро…