Дома Останати Тенис Синер го испрати Гаске во заслужена пензија

Синер го испрати Гаске во заслужена пензија

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, се пласираше во третото коло на Ролан Гарос.

Италијанецот, во второто коло на гренд слемот во Париз, го победи домашниот тенисер Ришар Гаске и го испрати во пензија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Синер победи со максимални 3:0, по сетови 6:3, 6:0, 6:4, а мечот траеше час и 59 минути игра.

Така заврши богатата кариера на 38-годишниот Гаске, препознатлив по неговиот еднорачен бекхенд, кој своевремено беше седми тенисер во светот и има освоено 16 АТП титули, додека неговите најголеми успеси на гренд слемовите се полуфиналињата на Вимблдон и на УС Опен.

Синер во третото коло ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка.

Понатаму се пласираше и третиот тенисер во светот, Германецот Александер Зверев.

Тој со 3:1, по сетови 3:6, 6:1, 6:2, 6:3, го победи Холанѓанецот Јеспер де Јонг.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто не се гледа секој ден: Српски тенисер победи без борба во последниот поен (Видео)

На турнирот ATP 500 во Акапулко (Мексико), четвртфиналниот меч ќе биде запаметен по невооб…