Дома Останати Тенис Синер долго ќе го памети болниот пораз од Бублик во Хале

Синер долго ќе го памети болниот пораз од Бублик во Хале

Големо изненадување на АТП турнирот во Хале! Првиот тенисер на светската ранг-листа и актуелен шампион на турнирот, Јаник Синер, беше елиминиран уште во второто коло од Казахстанецот Александар Бублик со пресврт од 2-1 во сетови: 6-3, 3-6, 4-6.

Италијанецот го започна мечот моќно, добивајќи го првиот сет за само 26 минути со убедливи 6-3. Се чинеше дека ќе биде рутинска победа за фаворитот, но Бублик направи целосен пресврт. Со агресивна и инспирирана игра, го доби вториот сет со 6-3, а потоа и одлучувачкиот трет сет со 6-4.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој пораз е особено значаен бидејќи Синер не знаеше за пораз од тенисер кој е надвор од Топ 20 речиси две години. Последен пат беше поразен од таков ривал пред 673 дена, кога загуби од Душан Лајовиќ на Мастерсот во Синсинати.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите пау…