Дома Останати Тенис Синер ќе ја прекине соработката со тренерот Кејхил

Синер ќе ја прекине соработката со тренерот Кејхил

Првиот рекет на светот Јаник Синер нема повеќе да соработува со 59-годишниот австралиски тренер Дарен Кејхил, откако беше потврдено по триумфот на Италијанецот над домашниот Тристан Сулкејт во второто коло на Австралијан опен.

Разделбата на 23-годишниот Италијанец со Кејхил ќе биде по завршувањето на сезоната, а Австралиецот претходно најави дека Синер ќе биде последниот тенисер кој ќе го тренира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова ќе биде последната сезона на Дарен како мој тренер“, потврди Синер за „Еуроспорт“.

Австралиецот сака да поминува помалку време патувајќи, а повеќе со семејството по повеќедецениската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Амaтер го победи Синер во Мелбурн: Италијанскиот тенисер претрпе тешка непријатност (Видео)

На Австралија Опен е во тек единствен настан наречен „1 point slam“. Организаторите најави…