Дома Фудбал Што ќе биде со Ендрик? Перез и Анчелоти не размислуваат исто

Што ќе биде со Ендрик? Перез и Анчелоти не размислуваат исто

Флорентино Перез има големи надежи за Ендрик, но чини се дека Карло Анчелоти не го дели истото мислење со сопственикот на клубот.

Ендрик потпиша договор кој може да достигне 72 милиони евра иако се уште нема полни 18 години.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Медиумт „Диарио“ откри дека Ендрик веќе ја изгубил довербата на Анчелоти и сите во Реал Мадрид го знаат тоа, вклучувајќи го и Перез. Во моментот најверојатното сценарио е дека Бразилецот ќе замине на позајмица.

Во Реал Мадрид се јасни: иднината на Ендрик зависи од тоа дали Анчелоти ќе продолжи или не. Доколку продолжи следната сезона, планот е Бразилецот да замине на позајмица во потрага по минутажи. Сценарио кое е потполно исклучено е неговото заминување во јануари, со намера да ја заврши целата сезона на Сантијаго Бернабеу.

Довербата на Флорентино Перез во Ендрик останува иста како кога го купи. Тој го смета за напаѓач на иднината, но му се потребни минути за тоа да го докаже.

Плановите на Реал Мадрид за идната сезона воопшто не се јасни. Доколку Анчелоти успее да ја сврти ситуацијата, ќе го продолжи договорот.

Ако се случи тоа, сите патишта водат кон заминување на младиот Бразилец на позајмица, а реалноста е дека не му недостигаат клубови кои го сакаат и покрај тоа што во Реал практично воопшто не игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси сепак се пофали и со влезен зимски трансфер

Челси официјално го објави трансферот на 19-годишниот играч од среден ред Матис Амугу, кој…