
Поранешниот чувар на мрежата на Валенсија и шпански репрезентативец, Сантијаго Кањизарес, со остар тон ја прокоментира ситуацијата околу Столе Димитриевски, порачувајќи дека македонскиот голман нема повеќе што да чека во „Месталја“ и дека е време сериозно да размисли за трансфер. Како што вели тој, клубот не исполнил ниту едно од ветувањата со кои го донел летото.
Според Кањизарес, политиката на Валенсија во однос на голманите е погрешна и на штета и на клубот и на Димитриевски. Наместо да развиваат играч кој можел да биде долгорочно решение, целиот фокус сезонава е ставен на Хулен Агиресабала – позајмен од Атлетик Билбао – со што се гради вредност за друг клуб. Димитриевски, иако пристигна како слободен играч и беше замислен како наследник на Мамардашвили, никогаш не ја доби улогата што му беше ветена.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ако две сезони ништо од кажаното не се исполни, тогаш играчот мора да се запраша што прави тука. Искрено, мислам дека Димитриевски треба да си замине. Очигледно е дека е во Валенсија само затоа што за него моментално нема понуди, а клубот веднаш би го пуштил ако стигне соодветна сума“, порача Кањисарес.
Тој додава дека ваквата неизвесност создава немир во соблекувалната и го кочи развојот на македонскиот репрезентативец, кој во Валенсија дојде со амбиција да биде број еден, но остана во сенка на Агиресабала – голман што би можел да остане само ако клубот издвои десет милиони евра по сезоната. За Кањизарес, тоа е јасен сигнал дека Валенсија нема конкретен план за Димитриевски и дека најдобриот чекор за него би бил преселба во средина која навистина ќе ги цени неговите квалитети.