Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е на чекор од своето деби во шпанската Ла Лига за тимот на Валенсија, благодарение на непредвидената повреда на првиот избор меѓу стативите, грузискиот голман Гиорги Мамардашвили. Мамардашвили, кој досега беше незаменлив на голот во сите натпревари од шампионатот, се здоби со сериозна повреда на десната нога за време на последниот дуел против Рајо Валјекано. …