Дома Останати Тенис Шок за организаторот: Синер соопшти дека се повлекува!

Шок за организаторот: Синер соопшти дека се повлекува!

Долгоочекуваната мешана двојка на УС Опен, која оваа сезона ќе се претстави во ново издание, претрпе значителен удар. На турнирот нема да учествува најдобриот тенисер, бидејќи Јаник Синер се повлече од двојката со Катерина Синијакова.

Да потсетиме, Јаник Синер претходно го предаде финалето на Синсинати каде губеше со 5:0 против Карлос Алкараз, по што одлучи да го откаже натпреварот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Моментално многумина прашуваа што ќе се случи со Синер и потенцијалниот негов натпревар во двојка со Катерина Синијакова, но Италијанецот индиректно потврди дека нема да учествува во мешаните двојки.

– Вчера не се чувствував добро. Сега имам неколку дена за опоравување, а потоа ќе се вратам на тренинзи. Се надевам дека ќе бидам подготвен. УС Опен е исклучително тежок турнир, но истовремено се радувам, бидејќи обожавам учество на Гренд слемови, тие се клучни во мојата кариера. Во овој момент, опоравувањето ми е најважно – изјави Синер индиректно потврдувајќи дека нема да игра во мешаните двојки, каде што вечерва требаше да се соочи со Александер Зверев и Белинда Бенчиќ.

По поразот од Алкараз, тој порача дека ќе работи посебно на подобрување на сервисот и зголемување на успешноста при неговото изведување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Откриена е причината зошто Синер го предаде мечот на Алкараз: Не можев повеќе да издржам

Финалето на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати заврши неочекувано. Јаник Синер не можеше д…