Дома Моторспорт Шок за Ферари: Леклер се сомнева во иднината и може да замине!

Шок за Ферари: Леклер се сомнева во иднината и може да замине!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, сериозно размислува за можноста да ја напушти италијанската екипа, според извори од „Коријере Дела Сера“.

Иако неговиот договор со „Скудерија“ важи до 2029 година, Леклер има клаузула што му дозволува раскин пред истекот, веќе во летото 2026 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Се споменува дека Леклер е несигурен за конкурентноста на Ферари по воведувањето на новите правила во Формула 1.

Моментално, Ферари се наоѓа на второ место во пласманот на конструктори по завршени девет трки, додека 28-годишниот Леклер е на петтата позиција во поредокот на возачи.

Неговиот клупски колега, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, е рангиран на шестото место.

Од петок до недела следува Големата награда на Канада. Првиот тренинг ќе се одржи во петок во 19:30 часот.

Фото: Scuderia Ferrari HP/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тука ја изгубија титулата: Макс Верстапен ја отвори душата за големата грешка на Ред Бул

Макс Верстапен е 49 бодови зад Ландо Норис во борбата за шампионската титула. Сепак, Холан…