Дома Фудбал Сколс: Нè сметаат за најбогатиот клуб, а чувството е како да просиме

Сколс: Нè сметаат за најбогатиот клуб, а чувството е како да просиме

Манчестер Јунајтед и понатаму е под удар на незадоволството на навивачите, а ко-сопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф е на удар на легендата на Јунајтед, Пол Сколс. 

Ретклиф неодамна изнесе план за изградба на нов стадион за Манчестер Јунајтед, кој ќе чини околу две милијарди фунти. 

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Оваа вест дојде прилично неочекувано со оглед на тоа дека Манчестер е во голема резултатска криза. 

„Понекогаш може да бидете наивни и да му верувате на тоа што го кажува Џим Ретклиф, од едноставна причина што никогаш не сте слушнале некој друг да зборува за тоа. Не знаеме всушност колку е тоа реално, сè уште е во воздух. Зборовите се евтини, можеме да кажеме било што за било кого, можете да кажете дека за десет години ќе имаме најголем и најдобар стадион на светот, можете да кажете било што. Долго време, нè сметале за најбогатиот клуб на светот, но чувствувам како сега да просиме, бараме пари за стадион за чија изградба ќе требаат две милијарди, а продаваме играчи за да купуваме нови“, изјави поранешниот фудбалер на Јунајтед Пол Сколс во емисијата „Оверлап“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ ќе остане во Јувентус зашто сака да го земе и последното евро

Српскиот напаѓач сака да остане во Торино до следното лето, кога му истекува значајниот до…