Дома Фудбал Шкенндија ги дозна противниците во Конференциската лига

Шкенндија ги дозна противниците во Конференциската лига

По елиминацијата во плеј-офот за Лига Европа, фудбалерите на Шкендија продолжуваат со настапи во групната фаза од Конференциската лига, а денеска тетовскиот клуб ги дозна и своите противници.

Првиот предизвик на „црвено-црните“ ќе биде дуелот во Тетово против Слован Братислава, по што нив ги очекува гостување во Шпанија кај Рајо Ваљекано, клубот каде што своевремено настапуваше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Потоа следува нова средба со позната екипа за македонскиот фудбал – Јагелонија од Полска, тимот каде што играше Дарко Чурлинов. Овој натпревар Шкендија ќе го одигра пред својата публика.

Интересен ќе биде и дуелот против косовска Дрита, каде што настапува поранешниот дефанзивец на тетовци, Егзон Бејтулаи. Овојпат, Шкендија ќе биде гостин.

Во последните две кола избраниците на Јетон Беќири ќе имаат средба со ирски Шелбурн на домашен терен, додека групната фаза ќе ја затворат со гостување на Кипар против АЕК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бесни на ѕвездата на Премиер лигата од 66 милиони евра

Шведската фудбалска репрезентација, 32. на листата на ФИФА, доживеа комплетен колапс во ак…