Дома Фудбал Шкендија не си го одржа зборот – го одложи натпреварот со Работнички

Шкендија не си го одржа зборот – го одложи натпреварот со Работнички

Фудбалерите на Шкендија овој викенд нема да излезат на терен во Првата македонска фудбалска лига. Тетовци, кои денеска ги дознаа своите ривали во Конференциската лига, сепак побараа одложување на дуелот од четвртото коло, иако претходно јавно изјавуваа дека нема да посегнат по таква опција.

„Искрено не сакам да се одложи наш натпревар од домашното првенство поради Европа. Со тоа би покажале непочитување кон играчите што ги имаме и би покажале непочитување кон нашиот шампионат кој ни е многу важен. Ние сме платени да играме и треба да играме кога ќе биде побарано од нас. Но еве и да одложуваме, некогаш тие мечеви сепак треба да се одиграат па ќе добиеме згуснат распоред. Каде ќе ги сместиме? Треба да се ги почитуваме сите натпреварувања треба да играме како што е распоредот“, изјави тренерот Беќири пред само неколку дена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот првично беше предвиден за недела во 16:30 часот, а новиот термин ќе биде дополнително соопштен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анди Робертсон: Заминувам, но и не добив понуда од Ливерпул

Ендру Робертсон, кој веќе ја најави својата претстојна разделба со Ливерпул летово, призна…