Дома Фудбал Сензација во Манчестер: Тотнем ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Сензација во Манчестер: Тотнем ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити го доживеа првиот пораз сезонава и тоа пред своите навивачи, откако Тотнем славеше со убедливи 0-2 во рамките на второто коло од Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Избраниците на Томас Франк одиграа дисциплинирано и борбено, успевајќи да му нанесат тежок удар на тимот на Пеп Гвардиола. Лондонскиот клуб по двете одиграни кола останува максимален со шест бода и импресивен факт – сè уште нема примен гол.

Гостите поведоа во 35. минута кога по одличната акција на Ришарлисон, Бренан Џонсон ја затресе мрежата на домаќините. Во самиот финиш на првото полувреме, Палиња ја зголеми предноста на 0-2, што се покажа како конечен резултат.

Вториот дел донесе поспокојна игра со малку вистински шанси, но тоа целосно му одговараше на Тотнем, кој ја сочува својата предност и ги освои трите големи бода на „Етихад“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Ирак едвај влегол во САД, седум часа го држеле на аеродром во Чикаго!

Имавме можност да видиме бројни интересни видеа и да слушнеме убави приказни за патувањето…