Дома Фудбал Останато Се редат проблеми за Синер: Нов удар за Италијанецот

Се редат проблеми за Синер: Нов удар за Италијанецот

Сѐ се сврти против Јаник Синер од моментот кога доби суспензија поради допинг.

Сега ситуацијата уште повеќе се комплицира, така што после одлуката дека нема да биде меѓу кандидатите на Академијата Laureus за најдобар спортист на годината, сега се соочи со проблеми во Монте Карло.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Синер веќе одреден период живее во овој град, каде што доживеа ладен туш, бидејќи сопствениците на Канти клубот во Монте Карло му забранија да тренира на нивните терени.

“Монте Карло Канти клуб е поврзан и со Француската тениска федерација и со Федерацијата на Монако. Тој е приватен клуб, но тоа не значи дека е изземен од своите обврски. Ние припаѓаме на Федерацијата на Монако бидејќи сме клуб на Кнежевството. Од друга страна, клуб од ваква големина не би можел да биде изграден само на територијата на Монако, туку и на француската област во Рокбрин Кап Мартан“, пишува во објаснувањето на управата на клубот.

Синер ќе мора да бара ново решение каде ќе ја подготвува својата форма за претстојните турнири.

Италијанецот планираше за време на Мастерсот во Монте Карло да тренира во Марбеља, и така да се подготви за својот прв следен турнир по завршувањето на казната, а тоа е во Рим на седми мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тишина на Арената: Натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда започна со минута молк (Фото+Видео)

Вечерва во Скопје се игра натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Вардар кој е од хуманитарен к…