
Веќе подолго време се зборува дека Лејла Хасановиќ е новата партнерка на Јаник Синер, а сега таа се појави на Вимблдон. На социјалните мрежи таа сподели фотографии и видеа од Лондон.
Се појавија гласини дека Лејла Хасановиќ може да биде новата девојка на Јаник Синер, нешто што се зборува веќе неколку недели. Мал број заеднички фотографии што ги споделија на улица беа доволни за странските медиуми да започнат со претпоставки. Ситуацијата стана уште поинтересна кога таа објави материјали од Вимблдон, третиот гренд слем турнир оваа сезона. Дали таа таму дојде за него или за некоја друга причина? Останува да видиме.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Лејла е манекенка од Данска, но со корени од Босна и Херцеговина. Пред неколку месеци таа беше во врска со Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер. Дали ова значи дека тие се новиот пар за кој ќе се зборува исто колку и за можната врска помеѓу Карлос Алкараз и Ема Радукано? Многу детали ќе станат јасни во следните денови.