Дома Фудбал Се подготвува голема „чистка“ во ПСЖ: Може да заминат 11 фудбалери!

Се подготвува голема „чистка“ во ПСЖ: Може да заминат 11 фудбалери!

Луис Енрике и раководството на ПСЖ изгледа се одлучија за следниот чекор – 11 фудбалери ќе го напуштат клубот по катастрофалниот пораз од 3:0 против Челси во финалето на Светското клупско првенство.

Челси успешно го заврши финалниот натпревар со убедлива победа од 3:0. Два од погодоците ги постигна Кол Палмер, додека третиот беше дело на Жоао Педро.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Тренерот Енцо Мареска благодарение на овој успех ја заврши сезоната со два значајни трофеи – Светското клупско првенство и Конференциската лига од претходно.

За ПСЖ, овој пораз претставуваше горчлив крај на сезоната која се одвиваше извонредно, со освоената Лига на шампиони како круна на успехот.

Во позадина на ова, информациите говорат дека раководството на ПСЖ заедно со Луис Енрике донесоа одлука за ослободување од 11 играчи, за да се влезе обновено во новата сезона.

Според францускиот Le Parisien, тренерот Енрике сака да се ослобои од: Милан Шкриниар, Норди Мукеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муани.

Овие играчи беа на позајмица минатата сезона, но никој не покажа доволно за да остане дел од тимот на Пари Сен-Жермен оваа година.

Освен овие имиња, на Габриел Московрдо, Лукас Ернандез, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонкало Рамос исто така им беше препорачано да бараат нов клуб, доколку сакаат да играат натпреварувачки повеќе следната сезона.

Голманот Џанлуиџи Донарума исто може да заврши надвор од Пари Сен-Жермен летово.

Причината е што неговиот договор истекува на крајот на следната сезона, а досегашните разговори покажуваа дека нема намера да се обнови.

Раководството на ПСЖ во таков случај има две алтернативи: да го ослободат како слободен играч по истекот на договорот или евентуално да го продадат ова лето.

Во изминатите недели, интерес за Донарума покажаа Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Што се однесува до потенцијалните засилувања, во моментов се споменува само трансфер на стоперот Илија Забарниј од Борнемут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драконска казна за местење: Балкански тим исфрлен од Европа на 10 години

Шокантна вест пристигнува од Црна Гора, каде Арсенал од Тиват е исфрлен од Европа на 10 го…