Дома Фудбал Се огласи агентот на Олмо и испрати јасна порака

Се огласи агентот на Олмо и испрати јасна порака

Дани Олмо (26) треба да стане слободен играч во среда, 1 јануари 2025 година, затоа што управата на Барселона не успеала да го регистрира. Да потсетиме, Барселона е под санкции од шпанскиот фудбалски сојуз поради лошата финансиска политика, што го доведе клубот на работ на банкрот за време на пандемијата на коронавирусот.

Затоа управата мора рамномерно да ги троши и заработува парите за да не биде повторно во минус. Олмо пристигна минатото лето, но есента Барселона не успеа да ги надомести трошоците за неговиот трансфер. Потпиша договор до 2030 година. Се јави неговиот менаџер Енди Бара, кој рече дека Олмо сигурно останува во Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


“Дани донесе одлука да остане во Барселона. Сака да игра таму. Не размислуваме за никакви други опции”, рече агентот на Олмо, а неговата изјава ја објави Фабрицио Романо, најпознатиот новинар специјализиран за трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…