Дома Фудбал Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија нема да го загуби статусот како еден од домаќините на тоа континентално натпреварување.

Меѓутоа, покрај тоа, упати строго предупредување до Милано и Наполи, а причината е лошата инфраструктура, известува Футбол Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, пред неколку седмици, претседателот на УЕФА Александер Чеферин се закани со одземање на домаќинството на Италија поради лошата инфраструктура.

„Се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се одржи во Италија”, изјави Чеферин за Газета на 2 април. Ува се осврна на тие тврдења за време на настанот Ил Фољо во Сан Сиро, одржан во Милано.

„Тој е во право и испрати јасна порака. Интензивно работиме и сум убеден дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство со пет стадиони”, рече Ува, смирувајќи ја јавноста. „Не доцниме и сме целосно усогласени со планираната динамика. Нема потреба за паника.”

Ува нагласи дека е клучна заедничката работа на сите вклучени страни.

„Само треба да продолжиме да работиме заедно. По силното забрзување во последните шест месеци, осум локации имаат рокови кои им дозволуваат кандидатура. До средината на септември, Италијанскиот фудбалски сојуз ќе одбере пет градови кои ќе ги презентира на УЕФА, а во првата недела од октомври градовите домаќини ќе бидат потврдени”, објасни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик може да добие одлично засилување за само 15 милиони евра!

Алехандро Грималдо би можел да ја заврши својата приказна во Леверкузен на крајот од оваа …