Дома Фудбал Салах сподели зошто ја продолжи соработката со Ливерпул

Салах сподели зошто ја продолжи соработката со Ливерпул

Денеска, Мохамед Салах и Ливерпул објавија дека ќе ја продолжат својата соработка до 2027 година, и ова очекувано стана вест на денот во Англија.

„Многу сум возбуден. Сега имаме одличен тим. И претходно имавме одличен тим. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освојуваме трофеи и да уживаме во мојот фудбал. Одлично е, тука ги поминав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет.

„Уживам во мојот живот овде, уживам во мојот фудбал. Ги имав најдобрите години во кариерата. Би сакал да им кажам на фановите, многу сум среќен што сум овде. Потпишав овде затоа што верувам дека можеме заедно да освоиме многу големи трофеи. Продолжете да не поддржувате и ние ќе го дадеме најдоброто од себе и се надевам дека во иднина ќе освојуваме повеќе трофеи“, истакна Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Баерн и ПСЖ до… Ренато Санчез пред изненадувачки потпис!

Ренато Санчез може наскоро да стане ново засилување за Хетафе и за првпат во својата карие…