Дома Фудбал Салах објави слика пред елката. Следеа голем број критики: Кој те натера да го направиш ова?

Салах објави слика пред елката. Следеа голем број критики: Кој те натера да го направиш ова?

Мохамед Салах и оваа година објави семејна фотографија во божиќното издание.

Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата бидејќи Салах е од исламска вероисповед.

Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за забрането). Неговата објава, чиј опис вели само „Среќен Божиќ“, за само 30 минути генерира повеќе од 47.000 коментари и доби над 430.000 лајкови. Меѓу многуте негативни коментари се издвојуваат следниве:

Ние муслиманитесе гордееме на вас, а вие вака ни возвраќате“. „Кој те тера на ова? “Избриши го ова, Мо!” „Ова мора да биде дел од неговиот договор…“ „Поради Бога, не. Објавете нешто за Палестина. „Брате, и коцкањето е поправедно од ова. „Треба ли веќе да го нарекуваме Мохамед?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…