Кристијано Роналдо пред три години замина од Јувентус и го облече дресот на Манчестер јунајтед по вторпат во кариерата, но во тој период можел да заврши и во градскиот ривал на „црвените ѓаволи“:
Се шпекулираше во тој период дека Манчестер сити е заинтересиран и дека сака да го доведе, но во последен момент се вклучил Сер Алекс Фергусон кој наводно го убедил да го избере јунајтед.
„Дејли Мејл“ сега открива каква била ситуацијата.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Тоа лето Кристијано му се понуди на Манчестер сити, но Пеп не беше заинтересиран да го доведе. Гвардиола навистина го респектира Роналдо и знаеше дека е во одлична физичка состојба и покрај годините. Сепак, сметаше дека не се вклопув во неговата филозофија и поради тоа ја одби можноста да го доведе“, објави „Дејли Мејл“.
Враќањето на Роналдо во Манчестер јунајтед на крајот не се покажа како вистински потег затоа што тимот не беше во конкуренција за највисок пласман, а Роналдо оваа втора епизода ја заврши со 19 погодоци и 40 натпревари. Клубот го напушти по конфликтот кој го имаше со Ерик Тен Хаг.