
Светското првенство ќе започне на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, а пред почетокот на турнирот беше составен и идеален тим од најискусни фудбалери кои ќе се натпреваруваат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во нападот се издвојуваат двајца играчи кои многумина ги сметаат за најдобрите во историјата на фудбалот – Кристијано Роналдо, кој има 39 години, и Лионел Меси со 38. Нивниот офанзивен импакт ќе го засили и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, кој е една година постар од Португалецот.
Покрај Роналдо и Меси, во тимот се наоѓа уште еден добитник на „Златната топка“, 40-годишниот Лука Модриќ. Во средниот ред му се приклучуваат 36-годишниот Сенегалец Идриса Гана Геј и 37-годишниот белгиски репрезентативец Аксел Витсел.
Одбранбената линија ја формираат Јапонецот Јуто Нагатомо (39), Аргентинецот Николас Отаменди (38), Мајкл Боксол од Нов Зеланд (37) и Американецот Тим Рим (38).
Иако на турнирот ќе настапат и голмански легенди како Германецот Мануел Нојер и Мексиканецот Гиљермо Очоа, двајцата се сепак три години помлади од шкотскиот ветеран Крег Гордон. Со 43 години и 162 дена, Гордон ќе биде највозрасниот учесник на првенството и затоа ќе го заземе местото помеѓу стативите на овој ветераниски тим.
