Младиот бразилски фудбалер Ендрик како голема фудалска надеж пристигна во Реал Мадрид, но наскоро би можел да замине од „Сантиаго Берабеу“.
Конкуренцијата во нападот на “кралевите“ е голема, тука се Мбапе, Винисиус, Родриго, но сепак се очекуваше младиот Бразилец да добие адекватна шанса.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што ќе има поголема минутажа.
Саутемптон покажува интерес, но сега во трката се вклучи и Рома, која веќе работи на трансферот и е фаворит за потписот.