Дома Фудбал Револуција во фудбалот: Ова се новите правила на Светското првенство

Револуција во фудбалот: Ова се новите правила на Светското првенство

Пред почетокот на Светското првенство 2026, кое почнува за десет дена, Меѓународниот фудбалски совет (IFAB) го потврди воведувањето на нова серија од историски промени на правилата. Овие мерки се насочени кон борба против дискриминација, намалување на забавувањето и забрзување на играта, а вклучуваат проширени надлежности за ВАР технологијата и строги казни за недолично однесување на играчите. Оваа револуција ќе започне од сезоната 2026/27, но првпат ќе видиме како ќе функционира на светската сцена за време на првенството во САД, Мексико и Канада, како известува Ројтерс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“ИФАБ одобри бројни историски промени во Правилата на игра, а Светското првенство 2026 година ќе биде првиот голем турнир каде што тие ќе се применуваат,” изјави главниот судија на ФИФА, Пиерлуиџи Колина. “Со овие измени, целиме кон сузбивање на дискриминацијата, намалување на одложувањата, подобрување на динамиката на натпреварите и обогатување на искуствата на играчите и навивачите.”

Посилни санкции за недолично однесување

Една од најзначајните новини е воведувањето на директен црвен картон за секој играч кој при конфронтација ја покрива устата со рака, подлактица или дрес. Ова правило е воведено откако играчот на Бенфика, Џанлука Престиани, беше обвинет за расистички навреди кон Винисиус Жуниор..

Сепак, судиите нема да казнуваат играчи кои ја покриваат устата за време на пријателски разговори со тимските играчи или противници. Дополнително, секој играч кој ќе го напушти теренот во знак на протест против судиска одлука, исто така ќе добие црвен картон. Истиот третман важи и за членовите на стручниот тим кои ги поттикнуваат играчите на такви постапки.

Екипа која ќе предизвика прекин на натпреварот со напуштање на теренот автоматски ќе го изгуби натпреварот. Оваа мерка доаѓа како реакција на случувањата на финалето на Афричкиот куп на нации, кога репрезентацијата на Сенегал кратко го напушти теренот во протест за досуден пенал, пред да се врати и да го победи домаќинот Мароко.

Проширени овластувања за ВАР

ВАР технологијата, вметната на натпреварите на ФИФА 2017 година, добива нови овластувања. “Започнавме со ВАР на натпреварите на ФИФА во 2017, на Купот на конфедерации пред Светското првенство во Русија 2018,” рече Колина. “Сметаме дека сега е време да го прегледаме протоколот, напишан кога имавме многу ограничено искуство.”

Според новите правила, ВАР ќе може да интервенира и при погрешно доделени втори жолти картони, при ситуации на погрешен идентитет на играчот, како и при погрешно досудени корнери. Службените лица можат да исправат одлука ако на играч му е неосновано покажан втор жолт картон, но не можат да предложат на судијата да го додели ако тоа не се случило на терен.

Интервенции при корнери ќе се користат само за да се поправат очигледни грешки кои не го одолжуваат продолжувањето на играта. Дополнително, ВАР ќе може да интервенира и кога прекршок е сторен пред изведување на прекин, како на пример корнер. Во таков случај, судијата по преглед на снимката ќе може да донесе дисциплинска мерка, а прекинот ќе се повтори.

Крај за “тактички тајм-аути”

ФИФА одлучи да стави крај на сѐ почестата практика, каде екипите користат прекини поради повреди, најчесто на голманите, за кратки тактички разговори со тренерот на линијата. Иако IFAB сѐ уште нема конкретни санкции, Колина најави дека судиите ќе бидат “проактивни” во спречување на такви ситуации.

“Нема да овозможиме екипите да заминат на клупата кога голман лежи повреден на теренот,” нагласи Колина. “Голманот има право да биде повреден, но играчите немаат право да го напуштат теренот за некаков вид на тајм-аут со своите тренери. Стравувам дека не постигнавме заеднички договор за санкциите.

Засега се потпираме на разбирањето на проблемот од страна на играчите. Им беше речено: ‘Бидете свесни дека знаеме’.” Согласно новиот протокол, ако голманот прима помош на теренот, на играчите од двата тима нема да им биде дозволено да го напуштат теренот за консултации со тренерите.

Нови мерки против забавување
Во борбата против забавување, се воведуваат две важни мерки. Првата е визуелно броење од пет секунди за изведба на аути и гол-аут, кое судијата ќе го сигнализира со подигната рака. Ако аутот не се изведе во зададеното време, топката ќе се предаде на противничката екипа. Ако не се изведе гол-аут, на противниците им се доделува корнер.

Втората мерка се однесува на замени на играчи. Откако судијата ќе покаже табла за замена, играчот кој излегува има 10 секунди да го напушти теренот на најблиската точка до страничната линија. Ако тоа не го направи, неговата замена ќе може да влезе во игра откако ќе помине една минута од продолжувањето на играта, со дозвола на судијата. Исклучоци на ова правило се повредите на играчите и безбедносни причини.

Медицинска помош и паузи за освежување

Новост е и правилото за медицинска помош. Ако медицинскиот тим влезе на терен да му даде помош на играч, тој играч ќе мора да го напушти теренот за една минута по продолжувањето на играта. Ова правило има неколку исклучоци: не важи за повреди на голманот, судири помеѓу голман и содружник, тешки повреди како оние на главата, ниту пак кога повредениот играч треба да изведе пенал.

На крај, на сите натпревари од Светското првенство ќе се воведат задолжителни триминутни паузи за хидратација во секое полувреме. Пауза ќе се одржува отприлика на средината на полувремето, околу 22. минута, но судиите ќе имаат флексибилност да го прилагодат времето на паузите во зависност од ситуацијата на теренот, на пример ако дојде до прекин поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква комедија: Возило за медицинска помош прегази фудбалер на терен (Видео)

На општо изненадување, Каиседо по несреќата ја продолжи играта и го заврши натпреварот, но…