Дома Фудбал Ремонт во Барселона: Заминуваат четворица од тимот за да дојдат две ѕвезди во пакет од 150 милиони евра

Ремонт во Барселона: Заминуваат четворица од тимот за да дојдат две ѕвезди во пакет од 150 милиони евра

Барселона ја отвори сезоната моќно, но потоа во последните неколку недели е во слободен пад, па сите проблеми во тимот испливаа на површина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонски медиуми најавија големи промени во 2025 година, но поголемиот дел од нив ќе бидат реализирани дури во лето, поради тешката финансиска ситуација.

Како што е откриено, Барселона сигурно ја напуштаат Ансу Фати и Ерик Гарсија, но и – Френки де Јонг. Последниот кој го напушта клубот е – Андреас Кристенсен, кој има висока цена во Премиер лигата, но поради тешки повреди падна во втор план во тимот.

Што се однесува до засилувањата, приоритет е лево крило, а во игра се три имиња – Нико Вилијамс, Рафаел Леао и Луис Дијаз.

Луис Дијаз наводно е прва опција на спортскиот директор Деко, иако е големо прашање дали Ливерпул ќе сака да го пушти својот стандарден играч.

На крај, можеби и најважната тема е Роберт Левандовски. Полјакот исто така е во пад на форма, физички не може да ги следи барањата на Флик и да игра на високо ниво, а сега почна и да промашува зицери.

Како замени се споменуваат Виктор Ѓекереш и Џонатан Дејвид, додека Ерлинг Халанд е само далечен сон на Жоан Лапорта. Се разбира дека Ѓекереш е најдобрата опција и достапен е за 60-70 милиони евра по договор со Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сипенга ја шокира Англија, Конго води! (Видео)

Репрезентацијата на ДР Конго уште по само седум минути игра успeа да поведе неочекувано пр…