Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот на „кралевите“ е Кристиан Ромеро од Тотенхем.
Аргентинецот пред две години за 55 милиони евра се пресели од Аталанта во Тотенхем и во првата сезона не ги оправда очекувањата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Потоа одигра одлично на Мундујалот и оваа сезона е стандарден, па Анчелоти верува дека би бил идеално решение за неговиот тим.
Реал веќе стапил во контакт со агентот на Ромеро и наскоро е спремен да испрати понуда од 45 милиони евра плус бонуси.