Дома Фудбал Реал Сосиедад се разделува со тренерот

Реал Сосиедад се разделува со тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Иманол Алгуасил ќе го напушти Реал Сосиедад на крајот од сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алгуасил го извести Реал Сосиедад за својата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната.

– Тренерот Алгуасил го напушта клубот по шест и пол сезони на клупата на Реал Сосиедад. Пред тоа, ни претстои борба за европските натпреварувања. Благодариме многу, Иманол – наведено е на сајтот на клубот.

Тој дојде во Реал Сосиедад кон крајот на 2018 година, а за тоа време го освои Купот на Шпанија во сезоната 2019/20, додека еднаш обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Реал Сосиедад моментално се наоѓа на деветтото место на табелата на шпанскиот шампионат со 42 бода, а во следното коло ќе го пречека Атлетик Билбао во баскиското дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…