Дома Фудбал Реал сегаа го добива Арнолд: Вака изгледа најдобриот тим од фудбалери кои заминале како слободни

Реал сегаа го добива Арнолд: Вака изгледа најдобриот тим од фудбалери кои заминале како слободни

Трент Александер-Арнолд објави во понеделник дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Тоа, до некаде, беше и очекувано, но сега е и официјално.

Се очекува дека Александер-Арнолд наскоро ќе потпише договор со Реал, дури се шпекулира и за шестгодишен. Се појавија и вести дека Реал е дури подготвен да плати одреден надомест на Ливерпул за играчот кој им доаѓа како слободен за да се заврши договорот во мини преоден рок од 1 до 10 јули, осмислен за да можат клубовите кои одат на Светското клупско првенство да се засилат.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тоа секако е сѐ уште само шпекулација, но заминувањето на Трент од Ливерпул е добра причина да се состави тим од играчи кои ги смениле клубовите како слободни.

Меѓу многуте играчи кои го смениле клубот без отштета, можеби овие 11 би се истакнале. Да имаше можност сите тие да стигнат во еден тим, тоа би било вистински спектакл.

Замислете само Кејлор Навас на голот, пред него Давид Алаба, Сол Кембел, Тијаго Силва и Александер-Арнолд.

Потоа во средниот ред Пол Погба и Андреа Пирло. Кон голот од една страна Стив Мекманаман и од другата Лионел Меси. И како најистурени во нападот Роберт Левандовски и Килијан Мбапе.

Имате ли вие некои предлози, како да го засилиме овој тим?

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц донел одлука, веќе го информирал Чаби Алонсо

По пет години во Бајер Леверкузен Флориан Вирц веќе донел одлука да премине во Бајерн (Мин…